Три лица тешко повредени во сообраќајка во Скопје: Едно од возилата го управувал малолетник

Макфакс

04/11/2026

12:20

272

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица, меѓу кои и малолетник кој го управувал едно од возилата. Повредените се пренесени во Ургентниот центар на комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Во СВР Скопје вчера во 04:20 часот било пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од с. Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.