Турција планира нова нуклеарна централа, Јужна Кореја сака да учествува во изградбата

Макфакс

03/11/2026

17:30

288

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја и Турција потпишаа договор за разгледување на можностите за финансирање на енергетски проекти и учество во изградбата на втората турска нуклеарна централа во Синоп. Договорот предвидува и продлабочување на соработката во одбранбената индустрија и зголемување на трговската размена.

Јужна Кореја и Турција денеска потпишаа договор за разгледување на можностите за финансирање енергетски проекти во Турција, додека Сеул настојува да учествува во изградбата на втората турска нуклеарна централа, планирана во Синоп, на брегот на Црното Море, пренесува.

Договорот го потпишаа јужнокорејската Извозно-увозна банка и турската државна компанија „Турки нуклеар енерџи“, по средбата на јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сеул.

Двете институции ќе ги разгледаат можностите за финансирање и ќе формираат работна група за размена на информации. Засега не е соопштено за колкав износ станува збор.

Турција сè уште нема избрано партнер за изградбата на нуклеарната централа. Ердоган потврди дека Јужна Кореја е еден од можните партнери и дека со јужнокорејската државна електроенергетска компанија КЕПКО веќе се спроведени првични студии за изводливост.

Покрај нуклеарната енергија, двајцата претседатели договориле проширување на соработката во одбранбената индустрија, обновливите извори на енергија, водородот и критичните минерални суровини.

Разговарале и за зголемување на меѓусебната трговска размена на 15 милијарди долари, откако минатата година таа надминала 11 милијарди долари.