Им нудел помош за да им извади пари од банкомат па им крадел дел од сумата: Приведен маж од Кумановско

Макфакс

03/11/2026

14:30

273

Големина на фонт

а а а

Маж од Кумановско е приведен откако на граѓаните им нудел помош при повлекување пари од банкомат, но, искористувајќи го нивното невнимание, крадел дел од сумата.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 10:30 часот, го привеле М.З.(50) од село Пчиња, кумановско.

Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.