Вучиќ падна, време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка, велат од Вреди

Макфакс

03/11/2026

12:20

366

Големина на фонт

а а а

Александар Вучиќ изгуби избори во Србија, а Народната банка ја одзеде дозволата на Алта банка, поврзана со негов соработник. Партијата Вреди ја истакнува поврзаноста на семејството Ахмети и ДУИ со Алта банка и бара истрага за нивните финансиски трансакции и политички врски.

Оваа недела во регионот се затвори едно поглавје. На 25 октомври Александар Вучиќ ги изгуби изборите во Србија. Шест дена подоцна, Народната банка на Србија ја одзеде дозволата на „Алта банка“, банката на неговиот близок соработник Давор Мацура, истакнуваат од „Вреди“.

„Денес сакаме да кажеме две работи јасно: Прво: проектите на Вучиќ во Македонија доаѓаа со поддршка од ДУИ. ДУИ сега вика „српски свет“. Но фактите покажуваат кој му ја отвори вратата:
Во јули 2021 година српската компанија „МТЕЛ“ влегува на нашиот пазар. Тогаш ДУИ е во Владата, а Бујар Османи е министер за надворешни работи“.

Османи, постетуваат од оваа партија, имал најмалку 11 средби со српски функционери. Записниците од тие средби, како што додаваат, до денес не се објавени.

„На 24 октомври 2024 година, АС Сењак, фирма на сватот на Али Ахмети, доаѓа до акции на Стопанска банка Битола од фирма поврзана со Сашо Мијалков.

На 9 јуни 2025 година, фирма во која „АС Сењак“ е сосопственик подигнува кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ Белград.

На 17 септември 2025 година акциите се продадени на „Алта банка“. Шест дена подоцна, општина водена од ДУИ му дава на „АС Сењак“ два договори вредни 90 милиони денари“.

Ова, оценуваат во „Вреди“ не е случајност. Тоа, според нив, е синџир што од Белград води до ДУИ, а од ДУИ назад до Белград.

„Истата партија што им зборуваше на Албанците за патриотизам правеше бизнис со луѓето на Вучиќ.

Второ: паѓа Вучиќ, паѓаат и неговите сателити во ДУИ.

Што се гради врз туѓа моќ, паѓа заедно со неа. Вучиќ ја изгуби власта, а „Алта банка“ остана без дозвола. Сега се отвораат тајните во Белград, а со нив и сметките“.

„Вреди“ додаваат од партијата, го кажува ова уште од септември 2025 година.

„Документите ги доставивме до Државната комисија за спречување на корупцијата. Али Ахмети и ДУИ молчат веќе 13 месеци. Тој молк сега нема да им помогне.

Затоа бараме: Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство итно да ги истражат трансакциите на „АС Сењак“ со Мијалков и со „Алта банка“, кредитот од 5 милиони евра и тендерите од општините на ДУИ.

Надлежните институции да побараат податоци од српските органи за сите врски на „Алта банка“ со фирми од Македонија“.

Од „Вреди“ бараат, ДУИ да ги објави записниците од средбите на Османи и Ахмети со Вучиќ и со српски функционери.

Али Ахмети лично да објасни, подвлекуваат од партијата, зошто „фирмата на неговиот сват купувала од Мијалков, се задолжила кај Алта и продавала на Алта.

Албанците во Македонија заслужуваат политика што не се продава на Белград. Вучиќ падна. Редот е на неговите сателити“.