Фолклорна вечер по повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош

Макфакс

03/11/2026

09:00

312

Големина на фонт

а а а

По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Драмскиот театар во Скопје се одржа прекрасна фолклорна вечер, исполнета со музика, традиција, игра и емоции.

Пред многубројната публика настапија шест фолклорни и културно-уметнички друштва од Карпош, кои преку песната и играта ја претставија богатата традиција и културното наследство на нашето поднебје.

Публиката уживаше во прекрасните настапи на: МКУД „Цветан Димов“ Ансамбл „Традиција“ Ансамбл „Звуците на Каршиака“ Фолклорно аматерско здружение Ансамбл „ЕТНОС“ АКУД „Мирче Ацев“ Хорот на АКУД „Мирче Ацев“ Со своите музички и сценски изведби, сите учесници приредија незаборавна вечер, исполнета со љубов кон фолклорот, традицијата и македонското културно наследство. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, членови на Советот на Општина Карпош, претставници на Општината, како и голем број граѓани, кои со своето присуство беа дел од оваа прослава на културата и традицијата.

Различни генерации вечерва беа обединети преку фолклорот – преку македонските народни песни и ора, но и преку богатството на различните културни традиции кои живеат и се негуваат во Карпош. Општина Карпош континуирано вложува во поддршка и промоција на културното и фолклорното творештво, преку поддршка на културно-уметничките друштва и организација на културни настани, придонесувајќи кон збогатување на културниот живот на граѓаните.

Фолклорната вечер беше организирана од Општина Карпош, во рамки на Програмата за култура за 2026 година, како дел од активностите посветени на одбележувањето на значајниот 50-годишен јубилеј.