Утре, на 30 октомври 2026 година, делови од Скопје ќе останат без електрична енергија и без вода поради планирани технички активности и ремонти на електричната и водоводната мрежа, објавија од ЕВН и ЈКП Водовод и канализација.
ЕВН Македонија соопшти дека за ден 30.10.2026 година (петок) поради планирани технички активности без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Без напојување со ЕЕ ќе бидат ул.Стојна Стефкова, ул.Јајце и ул.Ордан Чопела поради работа во ТС 4 и ТС 5 (Општина Гази Баба)
· Без напојување со ЕЕ ќе биде ул.Корџевска, Драчево поради работа на електричната мрежа (Општина Кисела Вода)
Најава за прекин во водоснабдувањето за ден 30.10.2026 година (петок) – ЈКП Водовод и канализација.
· Поради поставување на регулатор за притисок на водоводна мрежа од ф-150мм на улица Призренска бб, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улица Призренска и Кучевиша Бара од 08:30 до завршување на активностите (Општина Чучер Сандево)
· Поради изведување на водоводен приклучок ф-125 мм на ул.Ванчо Мицков 27, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Ванчо Мицков и дел од Демир Трајко. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности (Општина Карпош)








