Шпанија ја освои втората светска титула во својата историја со победата која ја оствари над Аргентина во големото финале кое се одигра во Њу Џерси, па иако минаа речиси три ипол месеци од тој ден, Нико Вилијамс за првпат отвори тема која досега очигледно не сакаше да ја отвора во јавноста.
Крилото на Атлетик Билбао имаше директен удел во акцијата која заврши со гол на Феран Торес, бидејќи токму тој ја спушти топката која заврши до актуелниот напаѓач на ПСЖ.
Нико доби еден дуел со Нахуел Молина пред да ја сврти топката во опасната зона, но како што вели самиот, огромна помош во таа акција добил токму од аргентинскиот бек.
– Знаете што, има една неверојатна ситуација од финалето. Луѓето не го сфатија тоа, но да не ме турнеше Молина во акцијата за гол, јас никогаш немаше да стигнам до топката, – вели Вилијамс во разговор за „Futbolemotion“.
– Немаше да стигнам до топката ниту за милион години – едноставно немаше шанси да ја стигнам таа топка да не бев турнат од аргентинскиот ривал, – додава Шпанецот.








