Министерот за транспорт ги обвинува контролорите за судирот на возовите, извршени им се тестови за алкохол

Макфакс

28/10/2026

20:30

181

Големина на фонт

а а а

Сите вработени во контролниот центар на „Адиф“ (Adif) во Мадрид, кои биле во смена за време на тешката железничка несреќа во близина на Урда, биле негативни на алкохол и дрога. Тестирањето го спровела Граѓанската гарда (Guardia Civil) како дел од истрагата за несреќата, во која животот го загубија 68 лица.

Истражителите денеска влегле во контролниот центар „H24“ на станицата „Аточа“ во Мадрид, каде што ги тестирале сите оператори кои управувале со сообраќајот во тој момент, пренесуваат шпанските медиуми.

Од „Адиф“ потврдија дека полициските истражители поминале неколку часа во просториите на компанијата. Притоа, тие го испрашале и операторот кој, околу 8:30 часот наутро, дал зелено светло за движење на воз од типот „АВЕ“ (AVE) – иако на пругата, во близина на Урда, веќе стоел воз на компанијата „Ирио“ (Iryo).

Истрагата ја води надлежниот суд во Оргаз, а министерот за транспорт, Оскар Пуенте, веќе ги посочи контролорите како виновници. Со спроведените тестови, истражителите сакаат да ја исклучат можноста одлуките на персоналот во контролниот центар да биле под влијание на некој надворешен фактор што би можел да придонесе за несреќата.

 

фото/Depositphoto/илустрација