[ВИДЕО] Казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Скопје

Макфакс

28/10/2026

18:20

417

Големина на фонт

а а а

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран е возачот кој возеше со автомобил по велосипедска патека во Скопје.

„По објавено видео на социјалната мрежа ‘ТикТок’, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило ‘сузуки’ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата ‘Бутелска’ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот ‘Босна и Херцеговина’, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот“, соопшти МВР.

Возачот е идентификуван како Н.К. (46) од Скопје, кој денеска бил повикан на службен разговор и бил казнет за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.