Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Макфакс

28/10/2026

14:20

210

Големина на фонт

а а а

Општина Центар објави дека средствата за еднократната финансиска помош на пензионерите во социјален ризик се целосно искористени, по што повикот за поднесување нови барања е затворен. Помошта од буџетот за 2026 година беше удвоена, со цел поддршка на најранливите категории граѓани.

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.