36-годишник од Египет ограбил гости во хостел во Охрид: полицијата го уапси на автопатот Тетово-Скопје

Макфакс

28/10/2026

10:26

336

Големина на фонт

а а а

36-годишен маж од Египет бил уапсен поради кражба во хостел во Охрид. По ограбувањето на гости, полицијата го фатила на автопатот Тетово-Скопје и против него е поднесена кривична пријава.

36-годишник од Египет ограбил гости во хостел во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот П.Х.С.Ј. од Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што, избегал.

По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово-Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишиле од слобода, по што од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена.