Два воза на компаниите Ренфе и Ирио се судрија на железничката линија меѓу Мадрид и Андалузија, при што повеќе лица се повредени. Несреќата се случила во покраината Толедо, а двата воза излетале од шините и паднале низ насипот. На лице место се испратени медицински екипи за помош.
Возовите на компаниите „Ренфе“ и „Ирио“ се судрија денес на брзата линија меѓу Мадрид и Андалузија, поради што сообраќајот беше запрен, објави менаџерот на железничката инфраструктура, а според извештаите на очевидци, има неколку повредени.
Несреќата се случила кратко по девет часот во покраината Толедо, објави „Паис“.
Accidente ferroviario en la línea de alta velocidad entre Los Yébenes y Urda.#renfe #adif #accidente pic.twitter.com/KdQys8zSkp
— demofake (@freeactas) October 28, 2026
Во судирот учествувале возот кој сообраќал од Мадрид до Севиља, и возот кој сообраќал во спротивна насока.
Според извештаите на очевидци, имало неколку повредени, а на местото на несреќата биле испратени медицински екипи.
Двата воза излетале од шините и паднале низ насипот.
Возот „Ренфе“ претходно забавил и застанал неколку минути поради проблеми во железничкиот сообраќај, пренесува Танјуг.








