На Ќафасан уапсени две жени од Перу: кај нив е пронајдена дрога

Макфакс

28/10/2026

09:42

309

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Ќафасан беа уапсени две жени од Перу кај кои била пронајдена дрога, односно марихуана. Тие се задржани и против нив ќе биде поднесена пријава.

Вчера на Граничен премин Ќафасан, на влез во државата, полициски службеници од полициската станица за гранични проверки Ќафасан ги лишија од слобода 27-годишната Л.Р.Ф.М. и 26-годишната П.П.Д.А., двете од Перу.

При преглед во возило комбе со кое патувале, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било пронајдено едно пакување со марихуана.

Тие биле спроведени и задржани во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.