Утре променливо облачно со сончеви периоди, ветерот ќе достигне над 60 километри на час

Макфакс

27/10/2026

16:50

294

Големина на фонт

а а а

Во текстот се опишани временските услови за утрешниот ден, со променливо облачно време и сончеви периоди, како и временска прогноза за следните денови со потенцијални дождови и магла.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.