Тепале малолетници, им се заканувале и ги снимале со телефон

Макфакс

26/10/2026

14:10

207

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против две лица за сторени три кривични дела насилство врз малолетници, кои физички ги нападнале и им се заканувале, при што едниот случај бил сниман со мобилен телефон.

СВР Штип поднесе кривична пријава против 15-годишник од Штип и А.М.(18) од Струмица, со престој во Штип.

Тие според полицијата се сомничат за сторени три кривични дела „насилство врз дете“.

На 15.09.2026 во Штип, пријавените физички нападнале 15-годишник, при што првопријавениот снимал со мобилен телефон. Додека, на 19.09.2026 за време на манифестација во Штип, пријавените повторно го пресретнале 15-годишникот и му упатувале закани. На 17.09.2026 во двор од образовна установа во Штип, пријавените физички нападнале 16-годишник.