Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните велат од СДСМ

Макфакс

26/10/2026

09:22

236

Големина на фонт

а а а

Во текстот се критикува новиот ребаланс на буџетот и се посочува дека нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра. Понатаму се наведува дека долгот се зголемува за 4 милијарди евра, што ќе го плаќаат обичните граѓани, додека Мицкоски не нуди помош за работниците и земјоделците.

„Со новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации“, велат од СДСМ.

„За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, половина од вкупниот долг од независноста до денеска. Но тие пари не се за граѓаните туку за криминални тендери.

Граѓаните арамијата ги остави сами.

Секој месец нови поскапувања, а платите остануваат недоволни за живот. Од јануари трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари.

Ниту три минимални плати не ја покриваат основната потрошувачка кошничка. Работникот работи цел месец, а не може да ги плати основните потреби на семејството.

Околу 180.000 работници примаат плата под 31.200 денари, додека минималната останува на 26.000 денари. За нив Мицкоски нема пари. Се најавуваат и нови поскапувања на струјата и парното, во Европа се кројат планови поради ризикот од поскапување на храната.

Само арамијата Мицкоски ништо не прави. Цела година ги остави граѓаните сами да се справуваат со кризата, одбивајќи ги мерките што ги предложи СДСМ.

Ова е свесен избор на Мицкоски: за работниците нема, за партиските тендери има. Долг врз долг, ребаланс по ребаланс, а сметката секогаш кај народот“, соопштува СДСМ.