Мажи во црно се собираат во Пионирскиот парк во Белград и се движат кон Претседателството

Макфакс

25/10/2026

22:06

410

Големина на фонт

а а а

Голем број мажи облечени во црно се собираат во Пионирскиот парк во Белград и се движат кон Претседателството на Србија во период на зголемени тензии пред изборите, додека опозициските сили и европските претставници предупредуваат на можни инциденти и провокации.

Поголем број мажи облечени во црно се собираат во Пионирскиот парк во Белград, а потоа се движат кон Претседателството на Србија, во период на зголемени тензии во пресрет на објавувањето на првите изборни проекции.

Според информациите, просторот во паркот постепено се пополнувал, додека групата мажи се упатувала кон седиштето на српското претседателство.

Движењето на групата доаѓа во момент кога опозициските сили, студентските организации и европските претставници предупредуваат на можни инциденти и провокации по затворањето на избирачките места.

Европските демократи соопштија дека добиваат предупредувања оти околу 21 часот би можело да се организира собирање поддржувачи на владејачката Српска напредна странка (СНС). Според наводите поврзани со студентската листа, ваквите собири би можеле да создадат притисок на теренот и да предизвикаат судири во моментот кога ќе почнат да се објавуваат првите резултати.

Поради ваквите предупредувања, Европските демократи побараа итна реакција од полицијата и надлежните институции за заштита на гласачите, кандидатите, набљудувачите и студентите.

Студентското движење, пак, ги повика своите поддржувачи да останат смирени, да ги следат резултатите од своите домови и да не излегуваат на улиците поради можни провокации.

Во Белград е засилено присуството на безбедносните сили во близина на клучните државни институции и седиштата на политичките партии. Засега нема независна потврда дека собирот во Пионирскиот парк е поврзан со план за предизвикување судири.