Лацио е најпријатното изненадување во Серија А, но тренерот на римскиот клуб, Џенаро Гатузо, не сака да зборува за шампионски амбиции.
Лацио по осум кола го дели првото место со Интер.
„Искрено, всушност не припаѓаме таму каде што сме сега“, порача Гатузо.
Лацио синоќа ја победи Парма на Олимпико со 2:1.
„Ми се допадна менталитетот на екипата. Во првото полувреме имавме проблеми со нивните контранапади и бевме наивни во одредени ситуации. Меѓутоа, го подигнавме темпото и ја презедовме контролата“, оцени Гатузо.
„Мора да одиме натпревар по натпревар. Пишуваме убава страница во историјата на клубот, но мора да останеме на земја и да го зачуваме овој ентузијазам“, порача тренерот на Лацио.






