Тајната на долговечноста се крие во овие градови: На листата се најдоа и неколку места од Балканот

Точка

24/10/2026

13:26

310

Големина на фонт

а а а

Одењето, побавното темпо, достапните места за дружење и понудата на храна од растително потекло беа критериумите за рангирање на европските дестинации кои поттикнуваат навики поврзани со подобар квалитет на живот.

Листата ја состави туристичката компанија „CV Villas“, анализирајќи околу 100 европски дестинации. Критериумите беа инспирирани од навиките на жителите на таканаречените сини зони - делови од светот познати по голем број долговечни луѓе.


Земени се предвид можностите за пешачење во градот, темпото на секојдневниот живот, бројот на ресторани со веганска понуда и достапноста на места каде што луѓето можат да се собираат и да одржуваат социјални врски.

Валета е на врвот на листата

Првото место го зазеде Валета, главниот град на Малта. Неговите компактни улици поттикнуваат пешачење, додека големиот број ресторани, плоштади и кафулиња го олеснуваат одржувањето на социјалните контакти.

Грчкиот Паксос е на второто место, а францускиот Сен Тропе е трет. Меѓу најдобро рангираните дестинации се Егер, Мдина, Ибица, Таормина и Лефкада.


Првите 20 дестинации на листата

Валета, Малта;
Паксос, Грција;
Сен Тропе, Франција;
Егер, Унгарија;
Мдина, Малта;
Ибица, Шпанија;
Таормина, Италија;
Лефкада, Грција;
Будва, Црна Гора;



Дингл, Ирска;
Несебар, Бугарија;
Бад Ишл, Австрија;
Пиран, Словенија;
Алесунд, Норвешка;
Сент Џулијан, Малта;
Гозо, Малта;
Ксамил, Албанија;
Левоча, Словачка;
Бордо, Франција;
Нови Сад, Србија.