Гаши на средба со претставници на Фондацијата „Конрад Аденауер“, потврдена заложбата за продлабочување на соработката

Макфакс

22/10/2026

16:50

196

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието Африм Гаши одржа средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер, при што беше потврдена заложбата за продлабочување на соработката во областите на демократија, владеење на правото и европски интеграции.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес оствари средба со претставници на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС), на која присуствуваа Флориан Фајерабенд – раководител за меѓународна соработка; Даниел Браун, официјален претставник на КАС и Давор Пасоски – програмски директор на КАС во Скопје. Оваа средба беше проштална средба на г. Браун, кој по 6 години програмски директор, заминува на друга позиција во КАС.

Претседателот Гаши го честиташе 150 јубилеј на КАС и изрази благодарност за личниот ангажман, посветеноста и придонесот на Браун во развивањето на партнерството со Собранието, истакнувајќи дека, иако ова е последна средба во рамките на неговиот актуелен мандат, тој и во иднина е добредојден во Собранието.

На средбата беа разменети мислења за досегашната успешна соработка, која се темели на заедничките заложби за демократија, владеење на правото и европски вредности. Посебно беше нагласена улогата на Фондацијата во поддршката на демократските процеси, парламентарниот дијалог и јакнењето на институционалните капацитети, како и значењето на германските и европските искуства за унапредување на демократската култура и приближување кон европските стандарди.

Соговорниците разговараа за европската интеграција и реформските процеси, јакнењето на парламентарната демократија, транспарентноста и конструктивниот политички дијалог. Гаши ја потврди подготвеноста за продлабочување на соработката со Фондацијата преку заеднички активности, политичко образование, тркалезни маси, дебати и размена на добри практики. И изрази увереност дека досега изграденото партнерство ќе продолжи и во иднина, независно од промените во персоналниот состав на Фондацијата, во интерес на демократскиот развој и европската интеграција на државата.

Претседателот Гаши му посака успех на Браун во неговите идни професионални ангажмани, изразувајќи очекување дека тој и понатаму ќе остане поддржувач на Северна Македонија и на нејзините европски аспирации.