Фабрегас открил дека им порачал на фудбалерите на Комо да го намалат темпото против очајниот Јунајтед

Дерби

22/10/2026

14:45

113

Големина на фонт

а а а

Поразот на Манчестер Јунајтед од Комо донесе многу критики и тензии во англискиот клуб, а може да донесе и отказ за менаџерот Мајкл Карик.

Премиерлигашот беше потопен на гостувањето покрај познатото италијанско езеро, а сол на раната стави и Сеск Фабрегас и тоа со една изјава дадена по дуелот од Лигата на шампионите.

Комо водеше со 4:0, пред голот на Зиркзе во судиското надополнување, а шпанскиот тренер открил дека им порачал на своите играчи да го намалат темпото во финишот.

– Мислам дека од тактички аспект одигравме солиден натпревар.

– Единствено што жалам е што во последните десет минути им порачав на момците да го намалат темпото, затоа што водевме со 4:0 и сметав дека треба да менаџираме со заморот, имаме и следен натпревар.

– Меѓу другото му реков на Дувикас да не трча веќе и да стои околу центарот и сега жалам за тоа, бидејќи јас сум прв кој порачува дека треба да се бориме до крај. Голот на противникот ме погоди, – рекол Фабрегас.