За Кајли Џенер и ревијата на „Victoria's Secret“ се зборува и во Турција. Откако прошета на модната писта во Лос Анџелес во скапоцениот градник „Fantasy Bra“, оваа луксузна долна облека веќе најде купувач.
Турски бизнисмен го купил градникот вреден 50 милиони долари (околу 43 милиони евра), кој Кајли Џенер го носеше пред три дена на овогодишната модна ревија на престижната модна куќа „Victoria's Secret“.

Како што наведува турскиот портал „Haberler“, Турчинот ја купил прескапата долна облека како подарок за својата сопруга. Идентитетот на бизнисменот сè уште не е познат, а сите се прашуваат која е среќничката што сега е сопственичка на гламурозниот градник.
Сепак, иако турските медиуми известуваат дека градникот е продаден, сè уште нема официјална потврда за тоа од брендот „Victoria's Secret“.

Порталот „Page Six“ претходно објави дека градникот по познатата ревија ќе биде вратен во њујорската златарница „Jacob & Co.“, каде што ќе им биде понуден на заинтересираните купувачи.
За разлика од претходните градници од колекцијата „Fantasy Bra“, кои главно биле расклопувани по ревијата за да можат дијамантите и другите скапоцени камења да се користат за изработка на накит, се очекува ова парче долна облека да остане во својата оригинална форма. Претставник на брендот потврдил дека планираат да го продадат како целина.

Градникот е проценет на 50 милиони долари (околу 43 милиони евра) и претставува најскапото парче од колекцијата „Fantasy Bra“ во историјата на модниот бренд „Victoria's Secret“.
Создаден е во соработка со познатата куќа за накит „Jacob & Co.“, а украсен е со дури 4.410 дијаманти. Особено се истакнува големиот жолт дијамант од 75,54 карати, чија вредност се проценува на околу 22 милиони долари, односно околу 19 милиони евра.

Во изработката учествувале 15 мајстори, кои вложиле повеќе од 1.000 часа работа. И покрај тоа што станува збор за парче долна облека, градникот тежи околу 1,8 килограми поради големото количество скапоцени камења.
Тоа што Кајли Џенер го носеше најлуксузниот градник се смета за вистински преседан, а истото важи и за нејзиното дефиле со ангелски крилја. Ријалити-ѕвездата и претприемачка е првата во историјата на која ѝ успеало тоа, иако не е ниту манекенка ниту ангел на „Victoria's Secret“. Многумина ја критикуваа одлуката што таа учествувала на ревијата.

Критиките се проследени и со голем интерес, па со денови се пишува токму за Кајли Џенер и спорниот дел од ревијата. Не се ни очекуваше поинаку.

