На Богородица спречен шверц на лекови за малигни заболувања

Макфакс

21/10/2026

21:06

503

Големина на фонт

а а а

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за криумчарење на 29 вијали од лекот „Xgeva“, кој се користи при лекување на пациенти со малигни заболувања, во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети, кои биле скриени во кутијата за прва помош.

Лековите биле сокриени во кутија за прва помош во автобус, без почитување на строго пропишаните процедури за увоз и транспорт. Против осомничениот е поднесена кривична пријава.



Царинската управа соопшти дека само годинава се запленети над 30.000 парчиња лекови во случаи поврзани со криумчарење.