Во битолското основно училиште „Св. Климент Охридски“ е завршена реконструкција на покривот, финансирана преку донација од Амбасадата на Јапонија од преку 80.000 евра, со што се подобруваат условите и безбедноста за учениците и наставниот кадар.
Во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вредност од 80.314 евра.
Со оваа донација се придонесе за подобрување на условите во училиштето, зголемување на безбедноста и создавање поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес. Од училиштето велат дека поддршката и инвестициите од Општина Битола и оваа поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на училишната инфраструктура и грижата за подобри услови за учениците и вработените.
На свеченоста по овој повод присуствуваше заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.








