Вчера околу 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, товарно возило „ман“ со приколка со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот О.М. од Охрид, удрило во 78-годишната М.А. од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид.








