Утре делови од општините Гази Баба и Илинден ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи на електродистрибутивната мрежа, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи.
Делови од скопските општини Гази Баба и Илинден утре (20 октомври) ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Поради работа во ТС Синѓелиќ 2 без напојување ке останат дел од корисниците на ул Палмиро Тољати-Синѓелиќ од 08.00-14.30 часот(Општина Гази Баба). Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ќе останат дел од корисниците на ул.Среќко Пужалка од бр.50 до бр.60 од 08.00-13.00 часот и бр.30 до бр.35а од 12.00-14.00 часот(Општина гази Баба)
Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ке останат ул.2,ул.3 и ул.406 во населба Јака/Марино од 09.00-13.00 часот(Општина Илинден). Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ке останат ул.510 и ул.526 во с.Марино од 09.30-13.30 часот(Општина Илинден)
Од ЈП Водовод и канализација нема најава за планирани исклучувања во водоснабдувањето за ден 20.10.2026 година (Вторник).








