ДИК ги објави првичните официјални резултати за Брвеница: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,89 отсто од гласовите

Макфакс

19/10/2026

16:10

96

Големина на фонт

а а а

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од предвремените избори за градоначалник во Општина Брвеница, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои најголем процент гласови.

Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%.

Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, додека неважечки е 161 ливче.

Според утврдените резултати од гласањето одржано на 18-ти октомври 2026 година, кандидатот Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција „Твоја Македонија“, освои вкупно 2.945 гласа (38,89%), Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција освои 2.152 гласа (28,42%), Јакуп Хусеини од Коалиција ВЛЕН освои 1.529 гласови (20,19%), Јовица Радески од СДСМ, Коалиција за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, освои 707 гласа (9,34%), Душан Богдановски од Група избирачи Душан Богдановски освои 57 гласа (0,75%), и Арифе Идризи од Група избирачи Арифе Идризи освои 21 глас (0,28%).

Со објавување на првичните официјални резултати тече рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите.