Приведен 18-годишен кумановец: во неговиот дом пронајдени автоматска пушка, муниција и направа со тајмер

Макфакс

18/10/2026

13:10

302

Големина на фонт

а а а

Во Куманово е приведен 18-годишен жител, а при претрес во неговиот дом полицијата пронајде автоматска пушка, муниција и рачно изработена направа со тајмер. По документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

Осумнаесетгодишен жител на Куманово е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом полицијата пронашла автоматска пушка, муниција и рачно изработена направa поврзана со тајмер и батерија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Д. (18).

При претресот, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка, рамки за автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осумнаесетгодишникот ќе следува соодветна пријава.