Челси потврди успешна операција на коленото на важен играч

Дерби

16/10/2026

16:06

268

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Челси денеска ги информираше своите фанови, но и целата јавност дека еден фудбалер направил оперативен зафат за решавање на проблем во коленото.

Се работи за капитенот Рис Џејмс, чија малерозна серија повреди продолжува, а сега оди на дополнителна принудна пауза.

Информациите се дека Џејмс се повредил на тренинг, а откако ги пропушти претходните натпревар со Брентфорд и Борнмут, сега е потврдено дека бил опериран и веднаш започнал со процесот на рехабилитација.

Џејмс сезонава одигра само шест натпревари за лондонските сини, а нема настап за својот тим од 12. септември.

Шестопласираниот Челси викендов му гостува на Евертон во рамките на Премиер лигата.