Капело за доминацијата на „росонерите“ против Салцбург: Ми се допадна овој Милан

Дерби

16/10/2026

16:04

262

Големина на фонт

а а а

Натпреварите од Лига Европа донесоа попозитивни резултати за италијанските тимови во споредба со негативниот ефект на учесниците во Лигата на шампионите, а искусниот Фабио Капело имал повод да испрати комплименти на сметка на Милан.

Неговиот поранешен клуб го прегази Салцбург на гостински терен, а поранешниот тренер смета дека „росонерите“ доминирале во текот на целиот натпревар.

– Ми се допадна овој Милан.

– Лофтус-Чик конечно беше добар, видов како одлучно влегува во дуели за да ја освои топката и да ја врати во посед. Тој и Рабио многу им помогнаа на соиграчите. Сите се бореа.

– Сисе има добар удар, но против Салцбург направи и нешто повеќе – постигна три гола. Тој е интересен играч, но сепак треба уште да созрева. Она што најмногу ми се допадна беше контролата на „росонерите“ против еден тим што ме разочара. Тимот на Аморим воопшто немаше проблеми со темпото на игра во текот на целата средба, – рекол Капело.