Малолетник нападнат од група врсници во училишен двор во Скопје, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи

Макфакс

16/10/2026

14:10

303

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, малолетник бил физички нападнат во училишен двор од група врсници, нападот бил снимен и споделен на социјалните мрежи. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, а нападот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјална мрежа.

Случајот бил пријавен вчера, а нападот се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови. Според пријавата, малолетникот бил нападнат од неколку врсници, од кои еден му бил познат, додека друг малолетник го снимил инцидентот со мобилен телефон и ја објавил снимката на социјална мрежа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.