Елмас има постигнато уште побрз гол од вчерашниот во КЛ: Се сеќавам на тој момент!

Дерби

16/10/2026

13:49

402

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас вчера го имаше својот прв настап во Конференциската лига во дресот на Аталанта, а го одбележа со гол уште во првата минута, најавувајќи ја убедливата победа на својот тим.

Македонскиот репрезентативец го искористи додавањето на Распадори и одличниот потег на Скамака за да реализира и да ги израдува домашните фанови и својот тренер Маурицио Сари.

Она што италијанските медиуми не заборавија да го потенцираат е дека на Елмас не му е првпат да погоди во првата минута, бидејќи тоа веќе го направи и во дресот на Наполи.

Се работи за натпреварот со Спартак Москва кој италијанскиот тим го загуби со 2:3, но Елмас погоди за нецели 15 секунди на оваа средба.

– Се сеќавам на тој гол, тоа беше во Наполи под водство на Спалети. Денеска повторно ми се отвори шанса и среќен сум што постигнав гол, затоа што се знае дека се е полесно кога толку рано ќе дојдеш до предност, – рекол Елмас.