[ВИДЕО] „Мислам дека ова е најубавиот стан во цел Њујорк“: Актерката Џулиен Мур ја покажа секоја просторија од својот пентхаус

Кармин

16/10/2026

15:30

895

Големина на фонт

а а а

Актерката Џулиен Мур го покажа својот стан и сите се воодушевени од просторот во којшто живее познатата актерка.

„Ова е најубавиот стан во цел Њујорк! Имаме голема среќа што го најдовме! Живееме на покривот и гледаме кон целиот Њујорк. Зградата е изградена во 20-тите години од минатиот век, беше хотел, а сега има станови. Бидејќи сме на горниот кат, може да се каже на покривот, имаме и неколку тераси каде што садевме билки и цвеќиња. Делиме една тераса со нашите драги пријатели и соседи и поминуваме време заедно“, ја започнува својата приказна актерката Џулиен Мур.


А во станот, сè е средено и интегрирано до последниот детаљ. Трпезариските столчиња, кои ги купила во Париз во 1995 година, совршено се вклопуваат во новата средина: „Се селат со мене во секој стан, во секоја куќа во која живеев“, вели актерката.

Покрај мебелот од врвен квалитет, има делови од станот кои се опремени од „Икеа“. Богатата библиотека е опремена со класици, а покрај книгите има и статуа на Оскар, која Џулиен Мур ја доби за улогата на „Сè уште Алис“.


Со години, Џулиен собирала уметнички дела од разни етаблирани и неафирмирани уметници и како да чекала на вистинскиот простор да ги постави и да ужива во нив. Токму тоа се случило кога го пронашла овој стан што ја воодушевил и совршено одговарал на она што го сакала во тој момент.

Станот не е голем, има пространа кујна, тераса, дневна соба, бања и една спална соба. Но, станот е поделен на две нивоа и затоа изгледа поголем. Џулиен Мур вели дека никогаш не живеела во поубав стан, и мора да ѝ веруваме на зборот.

А, како изгледа просторот, погледнете во видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk