Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, го предупреди Илон Маск во врска со политичкото влијание на компанијата SpaceX преку ограничувања во користењето на сателитскиот систем Starlink од страна на украинските сили.
ефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, јавно го предупреди американскиот милијардер и сопственик на компанијата „SpaceX“, Илон Маск, по информациите дека украинските сили ограничиле одредени можности за користење на сателитскиот систем „Starlink“, од кој во голема мера зависат воените комуникации и контролата на беспилотните летала.
Сикорски му се обрати на Маск преку социјалната мрежа Икс, доведувајќи ја во прашање можноста ограничувањата да се воведени од политички причини.
„Еј, Илон Маск, голем човеку, дали повторно играш политика со твоите производи? Како твои европски клиенти, те следиме“, рече Сикорски.
Неговата порака дојде откако претставници на украинските сили известија дека во текот на ноќта помеѓу 13 и 14 октомври имало ограничување на работата на терминалот „Starlink“ при движење со брзина поголема од приближно 160 километри на час.
Сергеј Бескрестнов, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски за воени технологии, потврди дека ограничувањето е воведено без претходно известување на украинските вооружени сили.
Според него, ограничувањата се однесуваат на воената верзија на сателитскиот систем, познат како „Starshield“, а неколку операции со беспилотни летала биле прекинати поради губење на врската.
Слични информации презентираше и украинскиот активист Сергеј Стерненко, кој процени дека постои можност одлуката на компанијата „Space X“ да е донесена на барање на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, досега нема потврда дека Вашингтон наредил воведување на овие ограничувања, ниту пак „SpaceX“ јавно ги објаснил причините за таквата одлука, пишуваат медиумите.












