Груби излегува од куќен притвор со прослава, Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира: правосудството е само театарска сцена, велат од СДСМ

Макфакс

14/10/2026

09:30

228

Големина на фонт

а а а

„Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава. Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели“, велат од СДСМ.

„Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено.

Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери.

Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.

Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот.

СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон.

Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши“, се наведува во соопштението на СДСМ.