[ФОТО] На Табановце запленет 1,7 килограми накит: цариниците открија 595 сребрени прстени

Макфакс

14/10/2026

09:30

354

Големина на фонт

а а а

На граничниот премин Табановце беше запленет 1,7 килограми сребрен накит, вклучително и 595 сребрени прстени, кои биле скриени од страна на сторителот со цел избегнување на давачки. Против него ќе се покрене соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Табановце при контрола на автомобил открија дури 595 сребрени прстени, кои сторителот со намера да избегне плаќање давачки ги имал скриено под седиштата, извести Царинската управа.

„Накитот со вкупна тежина од 1,7 килограми е запленет, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Прекршокот е снимен со телесни камери“, соопштуваат од Царинската управа.