Девојка од Дебар тврдела дека ѝ украле накит вреден илјадници евра, сега се соочува со кривична пријава

Макфакс

13/10/2026

13:30

258

Големина на фонт

а а а

Девојка од Дебар лажно пријавила кражба на накит вреден илјадници евра, по што е поднесена кривична пријава против неа за лажно пријавување кривично дело.

Дваесет и четиригодишна девојка од Дебар заработи кривична пријава откако, според полицијата, лажно пријавила кражба на златен накит и други предмети во вредност од околу 3.000 евра од нејзиниот дом.

Како што информираат од МВР, на 15 септември годинава, Е.К. (24) пријавила во полицијата во Дебар дека непознато лице влегло во нејзината куќа и одзело накит и други вредни предмети.

По преземените мерки и консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека пријавената кражба била лажна.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 24-годишната девојка поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“, согласно член 366 од Кривичниот законик.