Уапсен дрвокрадец во тетовско: превезувал огревно дрво без документација и немал возачка дозвола

Макфакс

13/10/2026

10:20

250

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници во тетовско уапсија 29-годишник кој превезувал огревно дрво без документација и немал возачка дозвола. Возилото и дрвата се одземени, а против лицето ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 19:30 часот во село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода 29-годишниот И.Б. од село Стримница, тетовско.

При сообраќајна контрола било запрено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека возел без возачка дозвола.

При преглед на возилото, во багажниот простор биле пронајдени огревни дрва без соодветна документација и моторна пила. Возилото и дрвата се одземени и задржани, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.