Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

Макфакс

12/10/2026

15:16

1.160

Големина на фонт

а а а

Обвинителството информира дека на Ива Михајлова ѝ биле одземени двата пасоши и ѝ била изречена забрана за преминување граница со лична карта поради ризик од бегство и мерки за обезбедување.

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице.

Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од ключните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправа, додаваат од Обвинителството.