Канада ги исклучува менталните болести како единствена причина за еутаназија

Макфакс

07/10/2026

21:30

182

Големина на фонт

а а а

Канадскиот министер за правда Шон Фрејзер денес изјави дека владата ќе воведе закон оваа есен со цел да се исклучи менталната болест како единствена причина за еутаназија.

Месеци откако парламентарната комисија даде слична препорака, Фрејзер рече дека не предвидува понатамошни ограничувања на канадските закони за еутаназија, кои создадоа еден од најпопустливите системи во светот за асистирано умирање, објави Ројтерс.

Фрејзер рече дека законот ќе вклучува и одредби за однапред поднесени барања од луѓе кои бараат еутаназија доколку ја изгубат способноста да донесат таква одлука во иднина, како на пример во случаи на деменција или Алцхајмерова болест.