Селекцијата на Франција го одигра најефикасниот меч под водство на Зинедин Зидан и славеше со 4-1 на соочувањето со Белгија во Лигата на нации.
„Триколорите“ губеа со 1-0 до 77 минута (Лукебакио), а од тука почна шоуто на нововлезените Олисе, Дуе и Шерки. Офанзивецот на Баерн Минхен постигне два гола и забележа асистенција, офанзивецот на ПСЖ даде гол и испорача две асистенции, додека Шерки се запиша во листата на стрелци во 81 минута кога донесе пресврт од 2-1.
ОВДЕ погледнете ги сите погодоци.
Во истата група Италија ја оправда фаворитската улога против Турција. Избраниците на Манчини одново одиграа ефикасно против Турците со таа разлика што сега славеа со 3-1 (на првото соочување беше 4-1).
Скамака, Калафиори и Еспозито постигнаа голови, додека Шимшир реализираше на другата страна.







