Утре без вода делови од Општина Карпош

Макфакс

05/10/2026

15:14

174

Големина на фонт

а а а

Утре, на 6 октомври, повеќе делови од Општина Карпош ќе останат без вода поради технички зафати на водоводната мрежа на улицата Миладин Поповиќ и околните улици.

Утре, 6 октомври, без вода ќе останат делови од Општина Карпош.

„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 06.10.2026 година (вторник) поради промена на затварач од ф – 100 мм на ул. Миладин Поповиќ бр. 15, во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Миладин Поповиќ, како и дел од корисниците од улиците Орце Николов, бул. Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова. (општина Карпош)“, соопшти РЦУК – Скопје.