Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Скопје

Макфакс

02/10/2026

13:10

307

Големина на фонт

а а а

Владата на Северна Македонија ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета и разговори за унапредување на европската интеграција и соработка со Европската Унија.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Северна Македонија.

„Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Посветеноста на реформите и на конкретните чекори во процесот на европска интеграција останува приоритет, со цел остварување видливи придобивки за граѓаните“, соопштија од кабинетот на министерот за европски прашања.