Норвешката торта со јаболка, позната како „eplekake“ е еден од омилените норвешки колачи. Станува збор за едноставен и мирислив пандишпан со ванила, кој пред печењето се збогатува со сочни парчиња јаболка, цимет и шеќер.
За разлика од многу други колачи со јаболка, овошјето не се додава директно во тестото, туку се реди на неговата површина.
Овој традиционален норвешки колач е многу лесен за подготовка и не бара посебни состојки. Највкусен е додека е сè уште млак, послужен со топка сладолед од ванила, но одлично се комбинира и со шлаг или сос од ванила.

Норвешка торта со јаболка
Состојки:
✅3 – 4 јаболка
✅200 г путер
✅200 г кристален шеќер
✅3 јајца
✅120 мл млеко
✅220 г бело брашно
✅1 лажичка прашок за печиво
✅1 лажичка ванилин шеќер
✅4 лажици шеќер
✅1 лажичка мелен цимет
За послужување:
✅шлаг
✅сладолед од ванила
✅сос од ванила
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Дното на калап за торта со отстранлив обрач обложете го со хартија за печење, а страните добро премачкајте ги со путер за колачот да не се залепи за време на печењето.

3. Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртинки и отстранете ги семките. Потоа исечете ги на парчиња со средна дебелина. Не сечете ги премногу тенко, бидејќи при печењето може да ја изгубат текстурата, но ниту премногу дебело, бидејќи можеби нема доволно да се испечат.
4. Матете ги путерот и шеќерот со миксер додека смесата да стане светла и воздушеста. Додавајте ги јајцата едно по едно и по секое добро измешајте.
5. Додајте го млекото и кратко промешајте.
6. Просејте ги брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер, па постепено додавајте ги во влажните состојки. Мешајте само додека да добиете мазно тесто.
7. Рамномерно распоредете го тестото во подготвениот калап. Парчињата јаболка наредете ги врз површината на тестото, најдобро кружно, и нежно притиснете ги.
8. Одозгора рамномерно посипете со шеќер и мелен цимет.

9. Печете го колачот околу 40 минути на долната решетка од рерната, односно додека да добие убава златно-кафеава боја.
10. Дали колачот е печен можете да проверите со чепкалка за заби. Забодете ја во средината на колачот – ако на неа нема траги од сирово тесто, колачот е готов.
11. Испечениот колач оставете го да се излади во калапот пред да го извадите.
12. Послужете го додека е сè уште млак, со шлаг, топка сладолед од ванила или сос од ванила.








