Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Макфакс

01/10/2026

13:21

223

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ја критикува изјавата на Венко Филипче поврзана со предлози за уставни промени кои вклучуваат Бугари, предупредувајќи на можност за ново предавство на Македонија и потенцијална комуникација помеѓу македонски и бугарски политичари.

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство. Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главно е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет? Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор“, рече тој.

И додека талогот од СДС и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат се македонско за да им поминуваат бизнис интересите, додаде Петрушевски, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија.

„Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на моштите на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адреса на Заев и Филипче“, рече Петрушевски.