Украл две метални огради од Врмички мост: кривична против маж од Дебар

Макфакс

01/10/2026

11:10

171

Големина на фонт

а а а

Полициската станица во Дебар поднесе кривична пријава против маж поради кражба на две метални огради од Врмички мост, нанесувајќи материјална штета на Јавното претпријатие Македонија пат.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 52-годишниот О.Г. од Дебар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост“ на регионален пат Дебар-Струга.

Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат“.