Кривична против маж од Струшко: со потпалување сува трева и грмушки предизвикал пожар во атарот на селото Ложани

Макфакс

01/10/2026

11:00

167

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Струга поднесе кривична пријава против маж од струшкото село Враништа, поради предизвикување пожар во атарот на Ложани преку потпалување на сува трева и грмушки.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.Ц. од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик – „предизвикување општа опасност“.

Тој, на 25.08.2026 со потпалување на сува трева и грмушки предизвикал пожар на отворен простор во атарот на струшкото село Ложани.

По преземени мерки, полициските службеници го приведоа и лишија од слобода.