Земјотрес со јачина од 2,7 степени во близина на Дубровник

Макфакс

01/10/2026

08:00

217

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 2,7 степени ја погоди областа околу Дубровник, со епицентар на четири километри северно од градот и на длабочина од шест километри. Засега нема известувања за материјална штета.

Земјотрес со јачина од 2,7 степени утрово ја потресе областа на Дубровник, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случи во 7:02 часот по локално време, а епицентарот бил на четири километри северно-североисточно од Дубровник, на длабочина од шест километри. Епицентарот се наоѓа на околу 80 километри од Мостар.

Засега нема информации за евентуална штета.