Општина Аеродром ја продолжува својата иницијатива за уредување и модернизирање на јавните површини со поставување нова урбана опрема, вклучувајќи клупи, канти за отпадоци, како и обновување на детските и спортските игралишта за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизирање на јавните површини. Во повеќе населби се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а постојните бетонски клупи добиваат нови дрвени седишта, соопштија од Општината.

„Паралелно, интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење. Чекор по чекор, го уредуваме Аеродром и создаваме општина во која секојдневието е поубаво и поквалитетно за сите генерации“, велат надлежните.







