Димовски во Тетово: Комуникацијата со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат

Макфакс

29/09/2026

11:50

142

Големина на фонт

а а а

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, ја посети компанијата „Леар“ во Тетово каде што се нагласи важноста на отворената комуникација и соработка за подобро разбирање на потребите и навремено решавање на предизвиците во технолошките индустриски развојни зони.

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети компанијата „Леар“ во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон.

Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата.

Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови.

Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст.

„​Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања“.